Поранешната турска мисица му гледала на кафе на претседателот на Србија (ФОТО)

Познатата турска актерка и дизајнерка на Универзитетот „Џон Незбит“ Черен Јилмаз позирала со претседателот на Србија Томислав Николиќ, пишува српски „Б92“.

tomislavv

Тоа не би било ништо чудно доколку пред нив не се наоѓаат превртени шолји со кафе, претпоставуваме „турско“ кафе.

Ѕвездата на серијата „Саканата Алабора“ пред неколку дена била гостинка во жирито на изборот „Број 1 модел во светот“ (No 1 Model of the World) во организација на „Фешн ченл“, а ја претставила и новата колекција на фустани кои ги носеле учесничките.

– Ова е мое прво доаѓање во Србија. Немав многу време да шетам и да го разгледувам градот, но гостопримството на кое наидов многу ме трогна. Во Белград дојдов службено и немав можност да се запознаам со магијата на ноќниот живот, за кој слушнав дека е одличен. Храната е прекрасна – рекла за српски „Курир“ Черен.

Поранешната убавица и актерка имала можност да го запознае и претседателот на Србија Томислав Николиќ на кого дури му гледала на кафе. Фотографијата стана хит на социјалните мрежи.

Убавата Черен во 2012 година била финалистка на Изборот за мис на Турција, но изгледа дека нејзините амбиции се многу поголеми од тоа.