(ВИДЕО) Едно од најубавите чуда на природата

Станува збор за третиот најголем гејзер на светот, а неговите фасцинантни бои се последица на присуството на бактерии и алги.

Сместен во националниот парк Јелоустоун во американската сојузна држава Вајоминг, големиот призматичен извор во светот е најпознат по исклучително топлата вода и неверојатната палета на бои.

Откриен од група геолози во 1871 година, тој има дијаметар од 90 и длабочина од 50 метри и претставува најголем гејзер во САД.

Шарениот спектар бои, кој привлекува голем број туристи од целиот свет е последица на активностите на пигментираните термофилни бактерии, кои живеат во водата околу рабовите на изворот.

Боите кои ги создаваат бактериите ја одредуваат висината на температурта, а тие зависат од односот на хлорофил и каротеноид присутни во водата.

Во средината на гејзерот вода е толку многу топла, што дури ниту бактериите не можат да преживеат, а температурата постепено се намалува кон рабовите. Тоа воедно објаснува зошто многу жолтата, портокаловата и темно црвената боја се наоѓаат на рабовите, додека средината е во сина боја.