Шешељ: Се надевам дека мојата поддршка за Трамп ќе биде пресудна

Beograd, 13. novembra 2014 - Lider Srpske radikalne stranke (SRS), Vojislav Seselj govori na danasnjoj redovnoj konferenciji za novinare SRS-a. FOTO TANJUG / ZORAN ZESTIC / bb

Лидерот на СРС Воислав Шешељ изјави денеска оти се надева дека неговата поддршка ќе биде пресудна за победа на Доналд Трамп на овогодинешните претседателски избори, јави Танјуг.

Шешељ така реагираше на информацијата поради тоа што колумнистот на „Бостон глоуб“ Алекс Беам го стави во „ВИП личностите кои го поддржуваат претседателскиот кандидат на Републиканската партија Доналд Трамп.

– Уверен сум дека сите Срби кои живеат во Америка ќе гласаат за него, но и многу други Американци, кои ги ценат моите политички погледи и идеологијата која ја застапувам, рече Шешељ.

Запрашан зошто смета дека победата на Трамп би донела нешто позитивно за Србија, Шешељ рече дека Трамп јасно и гласно го осудил бомбардирањето на Србија и оти во кампањата се однесува како српски пријател.