Исповед на хрватски стјуард: Во Дубаи владее шеријатскиот закон, а врие од проститутки

„Овде се води паралелен свет. Еден е за јавноста ,а друг за приватноста. Ова е шеријатска држава, каде се би требало да биде во склад со исламската религија, а  притоа никаде нема повеќе проститутки како тука – со овие зборови еден хрватски државјанин  го опишал животот во Дубаи каде што работи веќе пет години.

Споредувајќи го животот во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, тој изјавил дека некои работи се поевтини од Хрватска, а со самотот тоа и од земјите во регионот, како горивото, превозот и цигарите. Од друга страна, режиските трошоци, здравственото осигурување, школувањето и излегувањето се далеку поскапи.

Хрватскиот државјанин кој работи како стјуард во Дубаи живее од прил 2011 година. Тој вели дека многу големи се културолошките разлики.

– Казните за криминалот се сериозни, и ретко ќе доживеете физички напад или кражба во јавност и во јавен превоз, или напад на улица. Луѓето не се љубоморни едни на други без оглед на тоа дали имаат повеќе или помалку пари. Нема бездомници и луѓе кои пребаруваат по ѓубре во потрага по храна – вели Хрватот.

Општеството во Дубаи е опишано како модерно робовладетелство. Градежните работници работат од 12 до 14 часа на ден за плата од 200 евра. Работат по најголемите жештини, без слободен ден, па дури по 20-тина живеат во една соба со еден тоалет. Туристите поради сјајот на дубаи тоа не можат да го видат.

– Жителите на Емиратите се луѓе кои преку ноќ дошле до пари, но за жал се „без мозок“, и тераат американски стил на живот на арапски начин – раскажал Хрватот за порталот „034 портал“.