Џихадистите пред целосен пораз, чекаат спас и инвазија на западните сили и Турција

This photo taken by mobile phone on June 2, 2013 shows Syrian army tanks making their way to the Dabaa military airfield, north of the Syrian city of Qusayr. Syrian regime troops repulsed a rebel assault on a village loyal to President Bashar al-Assad in central Homs province, killing at least 28 of the attackers, the Syrian Observatory for Human Rights said. AFP PHOTO/STR (Photo credit should read -/AFP/Getty Images)

Кога кон крајот на септември минатата година Русија се вклучи во војната во Сирија, различни реакции пристигнуваат од сите краеви на светот.

This photo taken by mobile phone on June 2, 2013 shows Syrian army tanks making their way to the Dabaa military airfield, north of the Syrian city of Qusayr. Syrian regime troops repulsed a rebel assault on a village loyal to President Bashar al-Assad in central Homs province, killing at least 28 of the attackers, the Syrian Observatory for Human Rights said. AFP PHOTO/STR (Photo credit should read -/AFP/Getty Images)

Западните спонзори на исламистичките милитанти не сакаа премногу отворено да зборуваат затоа знаеа дека Русија, па колку тоа и да не им се допаѓа, сепак има целосен легитимитет да интервенира во Сирија, за разлика од нив кои оперираат само благодарение на нивната воена моќ, притоа не грижејќи се дека го уништуваат меѓународниот правен поредок.

Но, другите кои посакуваа Русите да се вклучат во војната, често имаа нереални очекувања од руските воени сили. Некои се надеваа дека Русите за месец-два ќе срамнат се со земја, притоа заборавајќи дека Сирија е голема земја и „срамнувањето“ на Сирија без притоа внимателно да бидат избрани метите е всушност еден вид на геноцид.

Руските воздушни сили мораа да се адаптираат. Само да потсетиме на тоа колку време им требаше на воздушните сили на НАТО да ја уништат либијската војска, а тоа беше конвенционална, бавна и војска без засолниште во една голема пустина. Поради специфичноста на теренот во Сирија, во првите месеци изгледаше дека Москва троши огромни суми, а напредокот на терен беше доста бавен.

Москва не сака повторно „да заглави“ на Блискиот исток

Зошто? Не е тајна дека Русија има проблеми – се уште се наоѓа под бројни санкции на западните сили а тоа ја погодува руската економија. Понатаму, актуелната цена на нафтата никако не им оди во прилог на Русите кои се едни од најголемите извозници на енергенти во светот.

Тоа се само неколку од многуте причини поради кои на Русија не ѝ одговара долга воена кампања во Сирија, а некаде пред крајот на минатата година се чинеше дека токму таква кампања ги очекува Русите. Секако, веднаш откако ќе се поврзат зборовите „долга кампања“ со Русија, сите ќе се сетат на долгата исцрпувачка војна во Авганистан во 80-тите години, војна која на некој начин придонесе за распаѓањето на СССР.

Сирија по многу работи е поинаква, но секако опасна ситуација за „заглавување“ на Русија на Блискиот исток. Имено, што ќе стори Москва ако се покаже дека воздушните удари не успеваат да ги сопрат терористите и екстремистите? Дали ќе испратат копнена војска во Сирија? Колку долго жителите на Русија ќе поддржуваат таква ескалација? Веројатно не многу долго, посебно не во време кога руската економија претрпува сериозни удари.

Поради тоа, одлуката воопшто да се започне воена интервенција во Сирија беше ризична сама по себе. Русите знаеа дека нивното воздухопловство ќе мора да ги елиминира не само постоечките милитантни групи на теренот, туку и тие што доаѓаат чиј што број значително се зголеми по почетокот на нивното бомбардирање.

Офанзивата се засили

Но, на почетокот на оваа година стана јасно дека руската воена кампања и тоа како дава резултати и стана јасно дека требало да помине одредено време за милитантите да ги покажат своите слабости. Напредокот сега веќе значително се чувствува и сириската војска несопирливо напредува со поддршката на руските борбени авиони.

Сириската војска во овие моменти маршира кон турската граница, освојува територии на југот на земјата и ја започнува одлучувачката битка за Алепо. Ова повеќе не се идеи на хартија, ова сега навистина се случува и може уште сега да се каже – милитантите после 5 години војување се пред конечен крах!

Доволно е да падне последната енклава на милитантите кои што добиваат поддршка од Западот – а тоа се јужните простори долж границата со Јордан, градот Алепо и просторите на северот и северозападот на Сирија кон границата со Турција. Овие простори се клучот на победата, а не деловите кои се под контрола на ИСИС.

Русите знаат дека најпрвин мора да се елиминираат заканите кои добиваат активна поддршка од Западот, а на крајот ќе останат џихадистите на ИСИС кои секако без поддршка ќе немаат шанси против сириската армија од едната и ирачката армија од другата страна.

Никој не може да ги сопре руските авиони: Бунтовниците се осудени на пропаст

Со други зборови, уништувањето на милитантите ќе биде 90% победа во војната. Исламската држава потоа многу лесно ќе биде поразена затоа што нивното опстанување не можат да го поддржат ниту САД, ниту западните сили.

Тогаш, кој ја создаде Исламската држава? Сега, во самата завршница на војната одговорите испливуваат на површината – озлогласената Исламска држава е создадена како терористичка организација која е „продолжена рака“ на опасни блискоисточни актери (Турција и Саудиска Арабија), а не на некои глобани сили.

Дали навистина ова е крајот на таканаречените „умерени бунтовници“? Да видиме што велат тие самите – командантот на милитантната група Лива Ал-Тавхед, Абдул Рахим Ал-Наџдави вака ја коментира ситуацијата: „Нашата цела егзистенција сега е загрозена, а не губењето на теренот. Тие напредуваат, а ние сме повлечени затоа што соочени со такво жестоко бомбардирање, можеме само да се обидеме да ги намалиме загубите во човечки животи“.

Таква е ситуацијата моментално во Сирија. Сириската војска сега се наоѓа на нешто помалку од 30 километри од границата со Турција, а интензитетот на офанзивата константно се зголемува. На другата страна се чувствува паника и безнадежност затоа што милитантите очигледно сфаќаат дека нема да добијат поддршка која ќе ги тргне руските авиони од сириското небо.

Исто така јасно е дека во Анкара и Ријад владее голема паника. Овие две земји, Турција и Саудиска Арабија буквално се подготвени да извршат копнена инвазија со своите воени сили во Сирија, но се уште не се осудуваат да го сторат тоа затоа што знаат дека немаат толкава моќ без да добијат одобрение од САД. Тоа секако предизвикува фрустрација кај нив и се повеќе се чини дека Американците едноставно можат да ја „завртат главата“ и да дозволат „проектот Сирија“ едноставно да се сруши.

Опасни актери подготвени за опасна ескалација

За САД, секако нема да има голема штета, но Турција и Саудиска Арабија ќе бидат големи губитници затоа што ќе мора да се помират со тоа дека тие нема да бидат регионални сили на Блискиот исток, туку тоа ќе биде Иран.

Секако, постои можност САД да се одлучи на радикален потег и да им дозволи на своите сојузници (Турција и Саудиска Арабија) да извршат копнена инвазија на Сирија, но тоа би било почеток на голем судир помеѓу НАТО и Русија. Такво нешто можат да одобрат само тие кои што сакаат Трета светска војна. Факт е дека на САД моментално не им е потребна таква опасна ескалација, а ако сакаат да ја намалат руската моќ на глобалната сцена, тоа можат да го сторат на многу други начини, а не преку директна војна помеѓу НАТО и Русија.

На крајот на краиштата, се чини дека се ближи крајот на војната во Сирија. Или ќе победи сириската војска, или ќе има дополнителна ескалација која ќе ја продолжи агонијата, бројот на жртвите, бегалскиот бран и секако ќе предизвика и проширување на војната во регионот и можеби во остатокот од светот.

Нешто од тоа ќе се случи, а некое трето сценарио веќе се чини дека нема да се случи. Русија сега ќе тргне во уште поголема воздушна кампања настојувајќи да ја заврши работата пред да се случи споменатата поголема ескалација.

Ако сега може да се стави крај на војната, па дури и со голема офанзива и колатерални жртви кои секако се неизбежни во една брутална војна каква што има во Сирија, тоа веројатно би било и еден вид на хуман чин, исто како што би било и хуман чин и Западот конечно да сфати дека не може вака и понатаму.

Западот, Турција и Саудиска Арабија буквално се доведоа во ситуација да навиваат за одбрана на источниот дел на Алепо каде што важна улога има и Ал Каеда, а тоа ни говори дека сите бунтовнички групи, вклучувајќи ги и „умерените“ во најмала рака се во добри односи со Ал Каеда. Тоа е целосно апсурдно и време е на еден таков конфликт кој ги загуби сите идеолошки и морални основи, да му се стави крај што е можно поскоро!