Денеска е Пренос на моштите на Св. Јован Златоуст

Објавено: вторник, 9 февруари 2016 во 13:34
Spread the love

Денес посредно се спомнува еден од најголемите беседници на Христовата Црква свети Јован, наречен Златоуст, во врска со пренесувањето на неговите мошти од Комана (местото каде се упокои) во Цариград (неговата епископска катедра од која беше протеран).

Тоа стана 30-тина години по неговата смрт, во 438 година. Моштите му беа положени во црквата Свети Апостоли. За време на Латинската империја во Цариград, моштите се однесени во Рим, во катедралата Свети Петар.