Вирусот Зика ја враќа човечката еволуција за 2 милиони години наназад

Објавено: понеделник, 8 февруари 2016 во 20:22
Spread the love

Мозочната попреченост, која е предизвикана од вирусот Зика, може да го врати човекот во еволутивен развој пред 2 милиони години, сметаат научниците.

Генетските мутации, отклучени од смртоносниот патоген, можат да ја менуваат неповратно човечката ДНК, пишува британскиот „Експрес“.

Тешките деформации, кои се резултат на бавно менување на човечкиот геном поради вирусот , ќе бидат пренесени на следните генерации. Наместо да продолжува да еволуира, човечкиот вид ќе регресира, бидејќи микробите го тераат мозокот да се намалува до димензии од пред 2 милиони години. Ова го покажуваат податоците од истражувањето, извештајот кој ќе биде објавен во „Журнал за астробиологија и уште нешто“. Во него се тврди дека вирусот Зика сезаканува со „драматична регресија на човечката еволуција“.

При најлошото сценарио на вирусот ДНК ќе биде кодирани во човечкиот геном и така ќе биде вратен на почетокот на „популацијата на луѓето со намален износ на мозокот и познанието“.

Авторот на истражувањето, австралискиот професор Едвард Стил, објаснува: „Додека вирусот Зика продолжува да се појавува по наслови, можно е да има многу подолготрајни последици за човештвото кои се пропуштаат“.

Шокантно тврдење доаѓа покрај светската тревога од ширењето на вирусот и обидите на светските влади да го ограничат. Над 4.000 случаи на болеста се откриени по избивањето на епидемијата минатата година во Бразил.

Според научниците, вирусот се развива многу брзо, за да може веќе да се шири меѓу луѓето без да има потреба од инсекти како преносител. Се смета дека микробите внесуваат „информации“ во човечкиот геном, слични на ХИВ, за да може да се шири незадржливо низ целиот свет.