ВИДЕО: Само чудо го спаси од сигурна смрт

Мотоциклист во кинескиот град Вух чудесно преживеа откако удри во автомобил кој му доаѓаше во пресрет. Несреќниот возач во обид да ја избегне жената која стоела покрај патот, сврте кон возилото кое му доаѓаше во пресрет, неможејќи да го исправи движењето.

Фронтално се удри во автомобилот, а од силината на ударот од главата му паднала кацигата. За среќа, токму таа кацига му го спасила животот.

Мотоциклистот веднаш е префрлен во болница и се наоѓа во стабилна состојба.