Видео:Метеорит уби еден, а рани тројца луѓе

Еден човек загина, а тројца се повредени по пад на метеорит во двор на колеџот „Бхартхидасан“ во индиската држава Тамил Наду.На лице место се најдени необични камења.

Сведоците на полицијата и рекле дека слушнале силна експлозија и помислиле дека во прашање е бомба. Некои од очевидците изјавиле дека виделе како некој објект паѓа од небото.

Возачот кој работи на колеџот и уште три лица се најдени ранети во дворот.Но, во болница возачот починал од повредите.

Полицијата направила увид на местото, но не нашла траги на експлозив.

Наместо бомба, нашла необични камења и кратер со длабочина од 60 сантиметри.

„Уверени сме дека се работи за удар од метеорит кој со огромна брзина паднал на земјата“, изјавија од полицијата.

Иначе, шансите човек да загине од удар на метеорит се 1:250 000, што е помала од смрт во земјотрес, но поголема од можноста за смрт од удар од гром.