Скопје втора најевтина туристичка дестинација во Европа

Според листата која ја објави британски „Дејли меил“, Скопје со просечна цена од 46 фунти за хотелско сместување е втората најевтина туристичка дестинација во Европа за Британците, додека на првото место се најде Софија со просечна цена од 46 фунти.

На оваа листа се најдоа Сараево, Тирана, Букурешт, Варшава, Белград, Вилнус, Братислава и Андора. Оваа листа е направена според истражувањето на специјализираната интернет-страница за патувања и за пребарување на хотели во Велика Британија, www.trivago.co.uk.

Истражувањето е направено врз основа на просечната цена на хотелските услуги.

Во ова истражување се објавени уште неколку инфографици според кои Лондон со просечна цена од  184 фунти е најскапата туристичка дестинација во Европа, додека пак  Амстердам е една од најпопуларните градови за турситичка посета во Европа. И покрај ниските трошоци за посета на Скопје, нашиот главен град не се најде на листата за најпопуларните дестинации за Британците.

На првото место на листата на 25 најевтини приморски градови се најде Варна, Бугарија со просечна цена за сместување од 37 фунти, а потоа следат Бугиба (Малта), Сани бич (Бугарија), Солун и Хераклион (Грција), Измир , Анталија и Аланија (Турција), Ларнака (Кипар), Римини (Италија).