Ова е Александар, наследникот на најозогласениот џихадист

Вториот член на групата џелати на ИСИС, кои заложниците поради нивниот британски акцент ги нарекле “Битлси”, е идентификуван како 32-годишниот Александар Коти од западен Лондон, кој со хуманитарен конвој за Газа ја напуштил Британија во 2009. година.

Коти, од населбата Шепардс Буш, бил еден од четворицата чувари кои ги малтретирале странските затвореници во затворите на Исламската држава во Сирија, покажува истрагата која ја спровеле Buzzfeed и Washington Post. Таткото на две деца го прифатил исламот по врската со една муслиманка, кога имал 20-тина години.

Како што се тврди, Коти редовно ја посетувал џамијата Ал Манар, на лондонската улица Ладброук Гроув, заедно со Мохамед Енвази, познат како Џихади Џон.

Двајцата припаѓале во “Лондонските момчиња”, група млади радикални муслимански екстремисти, претежно од западен Лондон, кои заговарале насилство.

Се верува дека оваа група стои зад нападите во Лондон на 7. јули 2005. година и неуспешниот напад на истиот град на 21. јули 2005. година. Неколку припадници на оваа група биле убиени во Сирија и Сомалија.

Во друштво на уште еден член на “Лондонските момчиња”, Рез Афшарзадеган, студент по информатика роден во Иран, Коти отпатувал во Газа заедно со конвој со хуманитарна помош за Газа, кој во 2009. година го организирал британскиот политичар Џорџ Галовеј.

“Секако дека е применувана постапка за безбедносна проверка на оние кои се пријавиле да се приклучат на конвојот”, изјавил претставник од канцеларијата на Галовеј, за потоа да додаде дека “имињата кои се наведени се непознати”.

Се претпоставува дека Коти, кој е половина Ганец, половина Грк, заминал во Рака, каде станал еден од четирите затворски чувари, познати како “Битлси”.

Не е познато дали Коти го стекнал прекарот “Ринго” или “Џорџ”.

Соседите на Александар Коти, кои го нарекувале Алекс, го опишале како “воздржано и пристојно момче”, кое некогаш било навивач на локалниот фудбалски клуб “Квинс Парк Ренџерс”.

Локален социјален работник го опишал како најгласен.

“Секогаш беше окружен со десеттина деца кои го слушаа. Тој беше говорник. Беше портпарол на таа мала група”, рекол тој.