Нечиста крв: Сестри си ги размениле партнерите па останале бремени!

„Компликација“ настанала меѓу две сестри и нивните сопрузи, така што тие не знаат ниту кој е татко на децата, а кој чичко. По неодамнешните семејни настани, жителите на Лесковац и во пракса можат да се соочат со изреките „Близината прави чуда“ и „Од судбината не се бега“. Поточно како што пренесува „Alo.rs“ сестрите од Лесковац С.М и Ј.М уште од средно училиште биле заљубени. С.М во Милан од Власотинце, а Ј.М во Слободан од Дубичица.

Започнале да се гледаат, а потоа поради лоши временски услови С.М морала да ја преспие кај Слободан. па наместо да се венча во Власотинце, се земала со момчето на нејзината сестра.

Разочаран, Милан заминал на школување во Крагуевац, а потоа заминал за Германија. Тој се вратил во родниот крај и ја запросил Ј.М.

На свадбата дошла и нејзината сестра, односно неговата поранешна девојка, а со неа и поранешното момче, односно сегашниот зет.

Овие две двојки заедно изградиле куќа и децата почнале да се раѓаат. Двете сестри добиле по еден син и една ќерка.

А потоа повторно проработела „нечистата крв“. Пред три месеци Слободан со својата поранешна девојка Ј.М побегнале од дома, а таа останала бремена од него. Слободан преку порака ги известил децата „Ќе добиете брат, тој е ваш брат од татко ви и тетка ви“.

Ангажирани се адвокати, а целата област се уште се чуди. Во подготовка е поделба на куќата… Но, тоа не е се.. Милан по враќањето од Германија ќе се венча со С.М.