Фото: Македонско девојче со светска убавина

Антонија Локвенец иако има само 15 години веќе e препознатливо лице во модните кругови и една од најангажираните манекенки на модното студио „Црнокрак“.

антонија

Во изминатите две години има настапувано на сите големи модни ревии, како и соработувано на фото-сесии со најпознатите македонски фотографи. Нејзиниот лик можевте да го видите во кампањата на Vasidora за есен-зима 2013/14, но и во многу дневни весници.

антонија1

Во моментот иако најважниот ангажман и е училиштето каде е одлична ученичка, Антонија може да се пофали со различни интереси како спортот, особено одбојката, филмот, модата, make-up и дизајн. Оние кои ја познаваат знаат дека е особено дружељубива и дека во она што го сака се предава со цело срце, така и во манекенството за кое планира да и е следна професија.

антонија2

Себеси се гледа на најпознатите светски писти во Милано, Париз и Њујорк, па затоа веќе и прави обиди на модната сцена во регионот, во Белград и Истанбул.

антонија3

антонија4

антонија5

антонија6

антонија7