АЛАРМАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД СЗО: Зика може да се прошири и во југот на Европа!

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека и Европа може да се најде на ударот на опасниот вирус Зика, а особено јужниот дел, каде што различни видови комарци можат да го пренесат овој вирус.

Зика засега се прошируваше во Бразил и Јужна Америка благодарение на различните видови комарци кои се ретки во Европа, но СОЗ предупреди дека уште еден вид комарци кои често се наоѓаат во подрачјето на Медитеранот можат да бидат преносители на вирусот, пренесува британскиот “Дејли Мејл“.

Меѓу земјите каде што тој вид на комарци се наоѓаат се и Хрватска, Франција, Грција, Италија, Малта, Словенија, Шпанија и Швајцарија, покажуваат податоците за превенција и контрола на болести.