Вознемирувачко: Десетгодишно дете ликвидираше затвореник

Терористите објавија видео снимка на која се гледа како црно момче му сече глава на некој сириски умерен опозициски водач и се заканува дека истата судбина ќе го снајде секој Американец или борец кој го поддржува САД.

Детето, идентификувано како син на џихадистот на Исламската држава Абу Дарде, зборува на англиски со силен акцент. Тој наводно го погуби Михамед Табшу, за кој се наведува дека е верски лидер на сириската бунтовничка група Фронт Левант.

На снимката која трае 18 минути, се гледа како детето ја присилува жртвата да клекне на патот за кој се верува дека е некаде во близина на Алепо. Пред погубувањето, детето се закани дека ќе ги уништи сите бунтовници во Сирија кои ги финансира или поддржува САД.

Фронтот Левант формиран е во декември 2014 година, а бунтовничката група од Алепо се бори против силите на сирискиот претседател Баша Асад.

Веродостојноста на снимката не е потврдена, и не е првпат да се појават деца на пропагадните снимки на ИД. Во март 2015 година е објавено дете како пука во Арап кој признал дека е шпион. На почетокот на јануари на друга снимка на која се ликвидирани пет мажи обвинети дека се „британски шпиони“, дете кое зборува англиски со британски нагласок и се закани на Британија.