ВИДЕО: Мајката се шокирала кога на монитор забележала духови во собата на нејзината ќеркичка!

Џејд Џејтс од Австралија и нејзините пријатели уверени се дека пред десетина дена околу креветот на нејзината ќерка Луси кружеле духови.

duhovi

Мајката, духовите ги видела на монитор, а видео снимката истата ноќ ја споделила на Фејсбук.

-Вечерва нема да спијам мирно. До пред пет минути не верував во духови, но сега ги гледам во собата на мојата ќерка, напишала Џејтс, на која пријателите ја сватиле многу сериозно.

Повеќето од нив ја предупредиле да ја напушти куќата, а една жена напишала дека на снимката гледа девојче не постаро од Луси и стара жена.

-Џејд, сакаш ли да дојдам кај тебе? Ова не е шега. Ова дефинитивно се духови. Биди многу претпазлива, напишал уште еден нејзин пријател, а во продолжение друг напишал дека во таа куќа некој навистина има починато.

И покрај целата ситуација, ноќта поминала мирно, наводно духовите исчезнале, откако Џејтс отишла во собата за да се увери дека се е во ред со нејзината ќерка.

Погледнете го видеото: