Видео: Како изгледа приватниот авион на Доналд Трамп?

Дали некогаш сте се запрашале како патува некој како Доналд Трамп? Веројатно претпоставувате дека има свој приватен авион, но не и доволно голем за да собере 200 лица во него.

авион

Токму така, Трамп има свој сопствен Boeing 757 во кој вообичаено има 180 до 200 седишта за да можат да летаат до 200 лица.

Приватниот авион на Трамп има 43 седишта, одвоени соби, ВИП седишта, главен простор со 57-инчен телевизор. Ако не сакате да гледате телевизија заедно со другите, можете да седнете на посебно седиште со својот телевизор.

Во спалната соба, Трамп има огромен кревет со златна свила на ѕидовите и позлатено 24-каратно лавабо.