ВИДЕО: Фондацијата „Рокфелер“ на интернет го продава смртоносниот вирус Зика!

Овој вирус е откриен во 1947 година, го откриле научниците на Фондацијата „Рокфелер“ кај мајмуните, а денеска голем број на експерти веруваат во тоа дека вирусот Зика настанал како резултат на експеримент и дека е дизајниран како биолошко оружје. 

Заболувањата од овој вирус се многу ретки, но на крајот на минатата и почетокот на новата година во Бразил настана вистинска епидемија, поради што во шест бразилски региони е воведена вонредна состојба. Вирусот започна да се шири во Јужна и Северна Америка, а потоа и во Европа.

На интернет се појави информација дека вирусот Зика може да се купи онлајн, на интернет страницата atcc.org, каде на истражувачите им се нуди голем број на вируси и биолошки средства, Фондацијата „Рокфелер“ на продажба го ставила вирусот Зика, за кој е наведено дека е откриен во крвта на мајмун во 1947 година.