Русите на големото вооружување на НАТО ќе реагираат и воено!

Објавено: петок, 5 февруари 2016 во 10:13
Spread the love

Русија нема намера да влезе во трка за вооружување со САД, но било каков непријателски чекор ќе резултира со адекватен одговор, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

ruska armija

„Веќе ги коментиравме плановите на Пентагон за четирикратно зголемување на воените трошоци во 2017-та година со главен фокус на европското тло. Факт е дека сето ова се прави на многу агресивен начин, под изговор за некаква можна руска агресија која предизвикува збунетост и гадење“, изјави Захарова и додаде:

ruskaarmija2

СПОНЗОРИРАН ЛИНК

ВИНО ВО ДРУШТВО ФИНО

Жељко Самарџиќ: Во Македонија нема лошо вино (ВИДЕО)

Во Македонија се чувсвутвува како дома. При секое доаѓање не пропушта да посети некои од винариите и да дегустира…

„Сето тоа, како што можеме да заклучиме од изјавите, прави основа за обемни воени планови против Русија и превземање на практични чекори со кои воената инфраструктура ќе се приближи до границите на Русија“, изјави Захарова.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи напомена дека никој нема да се приклучи во трката за вооружување, ниту пак ќе се обиде да ги стигне или престригне другите, пренесува „ТАСС“.

„Секако, сакаме да ги потсетиме нашите колеги во Вашингтон и Брисел дека сите непријателски чекори и обиди да се изврши притисок врз Русија ќе добијат адекватен одговор – политички, дипломатски но и одговор во областа на одбраната“, порача Захарова.