Путин им внесе “страв во коски” на Западот- Русија би можела да срамни до земја две земји на НАТО за 36 часа

На Русија и се потребни само 36 часа за да ги прегазат балтичките земји во состав на НАТО, односно Летонија и Естонија, анализира корпорацијата РАНД која се занимава со анализа на геополитичката ситуација во светот.

bd0c9a22a3504e647c80c2834a7567a6

Според корпорацијата, ако Русија го фати неспремен НАТО, може во миг да ги окупира Естонија и Летонија.

Според анализата, НАТО е подготвен со сите сили да се ослободи од престолнините Рига и Талин, но нема ниту приближен број пешадија во споредба со Русија, па затоа и ќе биде поразен. Сите 27 руски баталјони поседуваат напредни борбени тенкови, а 12 баталјони на НАТО не поседуваат ниту еден. Па, според овие сознанија, ова би било борба на “маче и глушец”, наведуваат експертите од РАНД, пренесува Блиц.

Во истражуваањето се напоменува дека НАТО не може да ги одбрани своите членки кои географски се поблиску до Русија, а притоа руската енклава Калининград, опкружена со држави од НАТО и наоружана со бројни проекти би била уште една предност за Кремљ во однос на Алијансата.

Ако Русија хипотетички изврши инвазија на две суверени земји, кои се и членки на НАТО, тоа би се протолкувало како отворен чин на објавување војна на најмоќниот воен сојуз во светот. По ова би останале две можности, вклучувајќи го и почетокот на Трета светска војна.

Според РАНД корпорацијата, една од наједноставните причини е што копнената инвазија, како по правила му носи пораз на оној кој ќе ја започне, барем така покажува праксата од блиската историја.

Инвазија која би значела почеток на Трета светска војна

Oстанува прашањето дали воопшто некој би спомнувал инвазија на една голема сила чии што членки се најмноќен воен совет во светот, освен ако целта не е да се предизвика паника и ширење на непријателски вибрации помеѓу Истокот и Западот.

Германија и Австро-Унгарија во Првата светска војна доживеале фијаско, а за Хителеровиот шестгодишен терор не ни станува збор воопшто. САД добиле шлаканица за Виетнам, како и Советите во Авганистан, а американската окупација во Авганистан и Ирак се прогласени за најголеми воени промашувања на 21 век.

Токму поради сите наведени аргументи, студијата на  РАНД корпорацијата, може да се вброи во научно-фантастичко четиво.

Инаку се работи за американска непрофитна корпорација, која е основана во рамки на авионската компанија “Daglas”, со цел да ги анализира и истражува во корист на американската воена авијација. Таа е финансирана од приватни донатори и директни средства од приватни донатори.