Луксембург ќе бара руда во Вселената

Објавено: петок, 5 февруари 2016 во 09:51
Spread the love

Владата на Луксембург објави намера дека сака да копа руда на астероидите во вселената. Како што се наведува, во потрага за благодорни метали како златото, платината и волфрамот, на ред се правни рамки за експлоатација на ресурси надвор од Земјината атмосфера, а ги повикуваат и потенцијалните инвеститори.

Поранешниот генерален директор на Европската вселенска агенција (ЕСА) Жан-Жак Дорден ќе им биде советник. Според неговите зборови, рударството во вселената повеќе не е научна фантастика.