Фондот за здравство одобри лекување во САД на 8-годишната Ели за уште 16 дена

Објавено: петок, 5 февруари 2016 во 09:14
Spread the love

Фондот за здравство одобри малата Ели да остане во болницата во САД уште 16 дена на државна сметка, откако американските доктори препорачаа дека таа по операцијата треба да остане подолго од првично предвидените седум дена.

ели

Тоа не значи дека донациите од граѓаните треба да престанат, бидејќи неизвесно е кога Ели поради нејзината здравствена состојба ќе може да излезе од болница. Потоа, треба да остане во САД минимум шест недели на надгледување, период кој нејзините родители не можат да го издржат финансиски, а ѝ следува уште една, завршна операција, за доживотно да се излечи осумгодишното девојче од болеста која статистички погодува едно од два милиона деца.

Од Фондот за здравство велат дека максимално брзо одговориле на барањето за лекување на девојчето.

– Првичното барање беше доставено на 28.9.2015 година и беа одобрени здравствени услуги на товар на Фондот во времетраење од седум дена со придружник, во износ од 37.000 долари. Додека осигуреното лице сѐ уште е на лекување во клиниката во САД, Фондот на 25.1.2016 година доби барање за продолжување на лекување во странство. Комисиите на Фондот во рок од два дена одлучија позитивно и се одобри продолжување на лекувањето  во времетраење од 16 дена и износ од 52.000 долари. Фондот ќе продолжи да одобрува лекување во странство за осигуреното лице, доколку е конзилијарно потврдено од соодветните клиники во Македонија и од стручниот колегиум на клиниката во странство, како и во согласност со законските прописи. Фондот искрено се надева дека лекувањето ќе биде успешно – се вели во дописот од Фондот за здравство до „Телеграф“.

Повеќе од 10.000 граѓани ја споделија сторијата за Ели на социјалните мрежи, многумина прашуваат каде да донираат, посакувајќи ѝ побрзо да оздрави и конечно да им се придружи на нејзините врсници, откако осум години од своето детство помина во болнички соби.

 Можете да донирате овде:

 070/143-111 – само за корисниците на Телеком

 077/143-775 – само за корисниците на ВИП

 075/143-114 -само за корисниците на  ОНЕ

 Сметка за Ели:

– Денарска

300001000024155

 Комерцијална банка

 Елена Додевска

  – Девизна

Dodevska Elena

 IBAN: MK07300307063080823

 BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X

 KOMERCIJALNA BANKA