Експериментална вакцина против ХИВ

Објавено: петок, 5 февруари 2016 во 11:51
Spread the love

Научници од Харвард развиваат вакцина против ХИВ која се темели врз вируси на настинка, пишува списанието „Annals of Internal Medicine“.

Новата вакцина засега се покажала сигурна, и предизвикала „умерена“ реакција на човечкиот имунолошки состав против ХИВ.

Во експериментите спроведени врз 217 испитаници е користена вакцина втемелена на аденовируси серотип 26 и 35.

Станува збор за типови на вируси на настинка, кои се релативно ретки и многу луѓе немаат имунитет врз нив.