(ВИДЕО) Ексклузивни снимки oд војната во Сирија

Сириската војска во последните денови бележи значителни успеси во Алеп. Војниците успеаа да ги пресечат главните сообраќајни правци кои ги користеа терористите на ИСИС за да добијат засилување од Турција.

Сириските војници заедно со локалните одреди на самоодбрана ослободија голем број на села, како и два града, кои се наоѓале во блокада 4 години.

Вчера сириската војска почна офанзива на селото Осман во провинцијата Дара. Воено воздухопловство на Сирија ги гранатираше милитантите во градот Дарај, како и во источна Гути, меѓу градовите Ареабејн и Замаљак.