Турција ја чека страшна судбина – Сојуз на Русија со Курдите

Објавено: четврток, 4 февруари 2016 во 09:48
Spread the love

Конфликтот со Русија и обединување со турските Курди се двата најголеми кошмари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, наведува германскито радуио Дојче фладнфунк.

Руската воена операција во Сирија му ги замрси конците на Ердоган и драстично ја промени рамнотежата на силите на Блискиот Исток.

Одеднаш стана јасно дека „забранетата зона за летови“на северот на Сирија сега е невозможна, а намерата на Анкара да прави „безбедносен појас“ од 120 километри на турско-сириската граница стана неостварлива.

Ердоган сега мора да ја земе предвид руската перспектива на работите, се вели во коментарот на радиото.

Турскиот лидер веруваше дека во поглед на воена подготвеност сириските Курди не претставуваат закана за Турција, но работите веќе не стојат така.

Курдите во Турција и Сирија можат многу лесно да се обединат, а тогаш борбата против нив нема да премине во многу опасна фаза, зашто таканаречената антитерористичка операција во Турција многу Курди ја нарекуваат етничко чистење, наведуваат германските медиуми.

Претседателот на Турците одеднаш сфати дека е ранлив на сите фронтови, и на внатрешните и на надворешните, односно меѓународните. Тој не предвиде дека Москва може да влезе во сојуз со Курдите, кои станаа сериозен воен фактор во регионот, а со тоа да се реализира најстрашното можно сценарио за неговата политичка кариера, се заклучува во коментарот на германското радио.