Симптоми на ракот на грлото на матката

Еден од најчестите видови на рак, по ракот на дојката, е ракот на грлото на матката кој е втората најчеста причина за смртност кај женската популација.

rakkk

Ракот на грлото на матката или цервикалниот карцином е малиген тумор на ткивото на цервиксот (грлото) кој го зафаќа најдолниот дел на матката,Цервиксот ги спојува вагината со матката или утробата а ракот се појавува кога абнормални клетки на цервиксот растат без контрола.

Според статистиките околу 200 жени се дијагностицираат со цервикален карцином секоја година.

Околу 90% од пациентките со рак на грлото на матката имаат локални симптоми, а дури подоцна се јавуваат и системски симптоми. Најчести симптоми на ракот на грлото на матката се: вагинално крвавење помеѓу менструалните циклуси, крвавење по сексуален однос, болка за време сексуалниот однос, невообичаен исцедок од вагината, вагинално крвавење по менопаузата,прекумерна истоштеност, болка во нозете или отекување, болка во долниот дел од грбот.

Доколку со туморот е зафатен ректумот се јавува ректално страдање односно се јавуваат симптоми како: тенезми, болно празнење на цревата, крв во столицата.

Но сепак овие симптоми се вообичаени и за многу други состојби па не мора да значи дека станува збор токму за ова заболување,  но сепак доколку  ги имате сите симптоми треба да ги проверите кај вашиот лекар.

Извор: mama365.mk