Најпосакуваната проститутка: „Полицајци, адвокати, судии… сите ме посакуваа”

Проститутка која била позната посетителка на еден хотел на Менхетен, тврди дека и покрај сè го сака својот макро.

Проститутката на суд во Њујорк потврдила дека нејзините клиенти биле полицајци, адвокати и судии. Иако му се суди на нејзиниот макро кој наводно ја држел затворена и ја злоупотребувал, таа тврди дека го сака, пишува „New York Post”.

22 – годишната Енкарнасион рекла дека прави што ќе посака и дека нејзиниот макро Кармик Грант – Бјас, познат како Мики Блу, „не е создаден за слаби кучки“.

Енкарнасион потврдила дека имала „убава клиентела“ и дека секогаш барала да ѝ платат во готово, освен во исклучителни околности. „Постојаните муштерии можеа да ми платат со PayPal”, рекла проститутката.


Таа рекла дека се надева дека еден ден ќе се омажи за Мики Блу и изјавила дека тој никогаш не ја присилувал да спие со мажи, тврдејќи дека таа била онаа која ги држела работите под контрола.

Таа е уверена дека нејзиниот макро ја сака, а смета дека тоја го докажал и кога платил половина од 17.500 долари вредните пластични операции кои ги направила пред три години, пишува „New York Post”.

Таа тврдела дека макрото не бил ништожник, туку добар човек, а иако постојат физички докази дека физички ја малтретирал, таа за време на нејзиното сведочење изјавила дека не се сеќава на ништо.