Исповед на спонзоруша: „Јас сум Маја, имам 18 години и ме изнајмуваат на час”

Маја има 18 години и не крие дека е „спонзоруша“. Овој морничав тренд толку многу зеде замав, што постојат сајтови кои повеќе потсетуваат на социјални мрежи за „продавање“. А, студентките од развиените земји полуделе по овој профитабилен, но ужасен начин на лесна заработка.

maja1

„Во овој момент сум во бесен автомобил, еден маж ме носи дома, таму ме чека мајка ми која го одобрува мојот начин на живот“, вели Маја која има 18 години, пишува Daily Mail.

Тоа е еден ден во животот на Маја, таа добива подароци, пари и услуги од претежно постари мажи кои ја искористуваат.

„Ако ми требаат пари за да ја платам сметката од телефонот, само одам на сајтот и околу 100 мажи сакаат се` да ми платат. Мажите кои навистина многу сакаат да ме видат, дури ми плаќаат и авионски карти. Пред некој ден седнав во ресторан и ја нарачав најскапата работа од менито, не знаев што е. Секако, тие ги покриваат трошоците, а притоа ми плаќаат и пари за тоа што сум дошла. Еден маж ми даде пари само за да седи до мене на плажа“, рекла Маја за Daily Mail во Австралија.

maja2

Таа вели дека спонзорите се секакви, но секогаш добро ситуирани. Некои се оженети, некои не, но никогаш не влегува во врска и секогаш е сосема трезна.

Секако, овој начин на живот има своја цена. И таа е далеку помрачна отколку што многу девојки помислуваат.

maja3

„Се сретнав со многу сомнителен тип кој сакаше да ми плати карта за Мелбурн под услов да имам секс со него. Го одбив. И покрај тоа што не спијам со никого за пари, осудите кои ги трпам се неверојатно болни. Ме осудуваат дури и пријателите, тоа е многу тешко да се поднесе“, раскажала оваа девојка.

Во Австралија има 82.670 отворени и регистрирани спонзоруши на разни сајтови за вакви услуги.