Исламска држава се сели во Либија

Американската администрација смета дека борците од Исламска држава во Либија се околу 5.000 што значи дека е зголемено нивното присуство, додека бројот на ИД во Ирак и Сирија е намален, јавија американски медиуми цитирајќи извор од Пентагон.

– Сега има околу 5.000 борци на ИД во Либија и меѓу 19.000 и 25.000 борци на ИД во Сирија и Ирак изјави тој.

Претходно, анализите на Пантагон беа дека ИД имаат меѓу 2.000 и 3.000 борци во Либија додека таа цифра во Ирак и Сирија била 30.000 – 33.000.

– Станува се потешко за странските броци да отидат во Сирија и дел од нив заминуваат за Либија, вели тој.

Американскиот претставник додава дека намалувањето на бројноста на силите на ИД во Ирак и во Сирија се должи освен на спречување на бранот регрути, и на загубите на бојно поле, на дезертирање и на внатрешни санкции. ИД успеа да преземе контрола врз градот Сирт, на 450 км. Источно од Триполи.