Исламисти планирале терористички напади на берлински Александерплац

FILE - This undated file image posted on a militant website on Tuesday, Jan. 14, 2014, which has been verified and is consistent with other AP reporting, shows fighters from the al-Qaida linked Islamic State of Iraq and the Levant (ISIL) marching in Raqqa, Syria. Across the broad swath of territory it controls from northern Syria through northern and western Iraq, the extremist group known as the Islamic State has proven to be highly organized governors. (AP Photo/Militant Website, File)

Германската полиција извршила претреси во три федерални земји – Берлин, Долна Саксонија и Северна Рајна–Вестфалија, во потрага по четворица исламисти и лица поврзани со нив, кои планирале напади на централниот берлински плоштад Александерплац.

FILE - This undated file image posted on a militant website on Tuesday, Jan. 14, 2014, which has been verified and is consistent with other AP reporting, shows fighters from the al-Qaida linked Islamic State of Iraq and the Levant (ISIL) marching in Raqqa, Syria. Across the broad swath of territory it controls from northern Syria through northern and western Iraq, the extremist group known as the Islamic State has proven to be highly organized governors. (AP Photo/Militant Website, File)

За претресите во Берлин претходно во четвртокот објави полицијата на германската престолнина. Сепак, во соопштението не се наведува терористички напад, туку подготовка на „тешко кривично дело кое претставува опасност за државата“.

Во една од операциите во Берлин биле вклучени 450 припадници на безбедносните сили, пишува електронското издание на весникот Bild. Претресите биле извршени во четири станови во квартот Кројцберг и во два ресторана во близина на Аленсадреплац, каде што работеле осомничените.

Притоа биле конфискувани компјутери, медиуми и урди за пренос на информации, мобили телефони… „Ги анализираме добиените информации“, изјави портпаролот на берлинската полиција, Штефан Редлих.

Четворицата Алжирци, кои се главна цел на полициската операција, се поврзани со екстремната сунитска група Исламската држава, пишува уште Bild, Еден од нив бил следен од алжирските безбедносни служби поради учество во борбени дејствија во редовите на екстремни групи во Сирија.

Во операцијата на германската полиција биле уапсени три лица, од кои едниот влегол во Германија како бегалец и живеел во прифатилиште за имигранти во градот Атендорн. Агенцијата DPA, повикувајќи се на извор во безбедносните служби, пренесува дека ова лице одржувал контакти со исламисти кои живееле во Белгија.