ВИДЕО: Откриена турската измама – Видеото за апсењето на „српскиот снајперист“ е лажно

Имено на видеото кое го објавија турските медиуми и на кое наводно се гледа моментот на апсењето на „агентот со потекло од Србија“, всушност е сосема друга личност и тоа жена.

Станува збор за апсењето на турската новинарка Берита Илиџа, а видеото е од 2014 година.

За потсетување неколку провладини медиуми и новинарски агенции минатата недела објавија  приказна за тоа дека во југоисточната провинција Сирнак, наводно е уапсен еден српски снајперист, а и дека еден снајперист кој е неодамна убиен во истата област бил Србин, пренесуваат турскиот весник Заман.

Во меѓувреме министерот Ефкан Ала реагираше на тие тврдења и кажа дека тоа не е точно:
– Тоа не е вистина. Беше странски снајперист како што кажа нашиот премиер. Извештајот за снајперистите од земјата која ја спомнавте е шпекулација. Ние не објавивме која националност се борците- кажа Ала.