ВИДЕО: Џихадисти сакале да го срамнат манастирот Дечани со земја

Четворицата вооружени исламисти кои планираа терористички напад на манастирот Викоси Дечани се појавија на судењето пред Општинскиот суд во Пеќ, во Косово, пишуваат косовските медиуми. Според порталот www.kallxo.com процесот против овие членови на вахабистичкото движење кратко траел и бил прекинат поради работното време на судот, до 16:00 часот.

decani

Во информациите се додава дека Обвинителството во Пеќ се уште не се обезбедило докази дека осомничените сакале да извршат терористички напад, но засега се обвинети за поседување на огнено оружје без дозвола.
Основните обвинителство во Пеќ се сомнева дека еден од четворицата уапсени во саботата во близина на манастирот Високи Дечани се бореле во Сирија, додека другите се обиделе да патуваат до Блискиот Исток, но биле спречени и се вратиле на Косово.

На седницата на Судот одбраната презентирала дека осомничените признале дека поседувале оружје, но тие велат дека сакале да кампуваат во планините над Дечани.

За време на апсењето во нивниот автомобил беше пронајден калашников со 20 куршуми и еден пиштол од белгиско производство. Обвинителот надслежен за овој случај пред судот изјави дека сите услови се исполнети за нивен притвор, додавајќи дека осомничените можеби се одговорни и за за вооружениот напад врз домот на еден Србин во селото Бурк, во општина Клина на денот кога беа уапсени.