Над 33 милиони евра за рурален развој во 2016

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска присуствуваше на работен состанок на тема: Разгледување на мерките и инструментите од програмата за рурален развој.

gruevskiiii

Тој со претставници на Владата, градоначалници и директори од овој ресор говореше за активните мерки со кои им се помага на земјоделците, но и за сите оние планирани работи кои ќе бидат од голема корист за овие граѓани.

Груевски потенцира дека програмата за рурален развој дава сериозни резултати, а со неа е постигнат значителен придонес и ефект.

Оваа година во програмата за рурален развој ќе инвестираме 33,3 милиони евра односно 2 милијарди и 45 милиони денари. Преку оваа програма се реализираат голем број на проекти, истакна Груевски.

Оваа програма е изработена во соработка со здруженијата, агро-компаниите и високонаучните установи.

Истата е насочена кон поддршка на проекти од инфраструктурен карактер, инвестиции во водостопанството и јавната инфраструктура, како и поддршка за економско здружување на земјоделските производители.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков потенцира дека поддршка за аплицирање за искористување на средствата од програмата за финансиска поддршка се пружа од страна на 80 агроинжинери кои на терен им помагаат на земјоделците да ги искористат мерките кои им се нудат.

Премиерот Груевски побара повеќе тимови да излезат на терен и секојдневно да можат да им помогнат на земјоделците, да ги информираат и запознаат со мерките.

Цветков потенцира дека дел од земјоделците побарале помош за исплаќање на дел од хипотеката по што државата им излезе во пресрет со гарантниот фонд. Тоа е нов инструмент со кој преку програмата за рурален развој се финансира дополнителен дел од потребните финансиски средства кои на земјоделците им се потребни за проекти од ИПАРД програмата.