ВИДЕО: Мигранти нападнале пензионери кои заштитиле жена од силување

Младите луѓе ги фаќаат Германците за раце и вербално ги навредуваат, еден млад напаѓач удира еден од постарите, а потоа го држи за врат од зад грб и му се заканува. Другите напаѓачи ги спречуваат другите патници да се вмешаат. Се гледа и како другиот Германец се бори со еден од мигрантите.

Според авторот на снимката, инцидентот избил откако младата жена одбила еден од мигрантите, кој ѝ се обратил на англиски и ѝ ја ставил раката на грб.

Откако бил одбиен, напаѓачот со сета сила удрил во прозорецот, а кога старците побарале од мигрантите да се однесуваат пристојно, овие станале агресивни.

Кога возот пристигнал на железничката станица, Том Рот ја повикал полицијата, но полицајците рекле дека не можат да сторат ништо.

Инцидентот во Минхен е ситен во однос на серијата судири меѓу Германците и мигрантите што масовно пристигнуваат во Европа. Министерството за внатрешни работи во земјата објави дека 1,1 милион бегалци дошле во Германија во 2015 година. Во 2016 година Берлин очекува да пристигнат 1,5 милион лица што бараат азил.

Најлошиот напад досега врз локалните жители во Германија се одржа на новогодишната ноќ во Келн, во која беше пријавено масовно сексуално малтретирање, иако слични напади, наводно планирани од претходно, се случија и во други германски градови.

Државниот министер за внатрешни работи, Ралф Јагер, изјави дека повеќе од 1.200 луѓе биле жртви на напади на новогодишната ноќ во германските градови, а повеќе од половина од нив биле објект на сексуален напад.