ВИДЕО: Мапа која го прикажува ширењето на ИД во изминатите години

Исламска држава, или Даеш, или ИД набрзина стекна моќ во делови од Сирија и Ирак во изминатите неколку години. Мапата направена од Питер Ридија го следи ширењето на терористичката организација во тој регион.

Исламска држава е прикажана со црвена боја во контраст на остатокот од регионот. Она што пред неколку години почна во само неколку области сега премина неколку граници, успеа неколкукратно да се зголеми и да се рашири застрашувачки брзо.