Во Британиј бројот на муслимани се удвоил за само 10 години и понатаму расте

Бројот двојно се зголемил за само десет години, а главната причина за тоа е зголемувањето на бројот на имигрантите, како и високата стапка на раѓања деца. Во некои делови од Лондон околу половина од населението сочинуваат муслимани, а во рок од неколку години во многу области тие ќе бидат мнозинство.

Половина од муслиманите во Англија и Велс се родени надвор од земјата. Најголемата група се состои од деца на возраст до десет години, што укажува дека нивниот број ќе продолжи да расте.

Секој дваесетти Британец е муслиман, што предизвика голем број јавни расправи во врска со тоа дали растечкиот број муслимани ќе го променат лицето на Велика Британија.

Владата на Велика Британија прави големи напори што подобро да ги интегрира муслиманите во општеството, а од неодамна премиерот Дејвид Камерон ги повика муслиманките што повеќе да го учат англискиот јазик, за да ги поттикне на подобра асимилација.

Експертите стравуваат дека зголемениот број муслимани во затворите (секој петти затвореник во затворите од категоријата А е муслиман) може да ги поттикне на радикализација и екстремизам.

Дискусиите во јавноста се прилично бурни, а минатата недела една таква расправа поттикна Тревор Филипс, поранешен владин службеник задолжен за еднаквост, велејќи дека некои муслимани без разлика на сè ќе останат одвоени од општеството бидејќи тие поинаку го гледаат светот.

Во 1991 година во Англија и Велс живееле 950.000 муслимани и изнесувале 1,9 проценти од населението. Оваа година таму живеат 3.114.992 муслимани и сочинуваат над пет отсто од вкупното население.

Се разбира, порастот на бројот на муслиманите влијае на сè поголемиот број исламофобни напади, кој особено се зголеми во последниве години поради ситуацијата во Сирија и многуте терористички напади.