Видео: Ѓоковиќ јуниор навива: Мамо види го тато!

Стефан Ѓоковиќ, синот на првиот рекет во светот Новак, не ги пропушта натпреварите на татко му.

Поубавата половина на тенисерот Јелена Ѓоковиќ сподели на социјалните мрежи снимка од малиот Стефан како пред телевизискиот екран го гледа дуелот на неговиот татко и Енди Марев во финалето на Австралијан опен.

Стефан кој има година и четири месеци, го препознава татко му и му се радува. „Мама, мама“ вели Стефан покажувајќи го татко му.