Политиката на добредојде беше погрешна

Vienna, Austria - June 19: Foreign Minister of Austria Sebastian Kurz speaks during a press conference with German Foreign Minister Frank-Walter Steinmeier in Vienna on June 19, 2014 in Vienna, Austria. German Foreign Minister Frank-Walter Steinmeier arrived for an visit to the Austrian capital . (Photo by Thomas Imo/Photothek via Getty Images)

Австриската Влада планира до 2019 година да протера 50.000 бегалци од земјата, што министерот за надворешни работи Себастијан Курц го смета за реално, додавајќи дека „досегашната политка на добредојде била грешка“.

Во интервју за виенскиот дневен весник „Естерајх“, Курц изјави дека е неопходно да се запре бранот бегалци, бидејќи е јасно дека многумина од нив ќе останат во земјата.

Што се однесува за ограничувањата за прифат на бегалците, кои Владата за оваа година ги сведе на 37.500, Курц порача дека тие мора да се почитуваат.

-Се друго ќе претставува оптоварување за нашата земја. САД прифаќаат само 10.000 бегалци, Словенија само 1.000. Минатата година 90.000 бегалци поднесоа барање за добивање азил. Оваа бројка сигурно нема да можеме повторно да ја совладаме, уверен е шефот на австриската дипломатија.

На пораката од канцеларот Вернер Фајман дека како министер за надворешни работи треба да ги договори спогодбите за реадмисија, Курц возврати дека сите мораат „да повлечат од истата страна на ортомата“.

-Германската канцеларка Ангела Меркел лично разговараше со мароканскиот крал и премиерите на соодветните земји за спогодбите за реадмисија, потсети Курц.

Тој изрази надеж дека комплетната австриска Влада осознала дека политиката на добродојде и желбата за прием на сите бегалци била грешка.