Со “сурутка” против стрес, замор, притисок и прочистување на организмот

Објавено: недела, 31 јануари 2016 во 11:54
Spread the love

Протеини, витамини(Б2,Б6,Б12,Ц, К), аминокиселини,ензими и минерали кои го одржуваат здравјето на луѓето ги содржи добропознатата сурутка.

Хемиски произведените лекови го преоптоваруваат црниот дроб бидејќи не се од природно потекло, па затоа народната медицина предвидува консумација на “сурутка”  за време на терапиите.

Регенирањето на црниот дроб со сурутка се применува подолг период и тоа секојдневно- од 0,5 до 1 литар, а притоа се избегнува мрсна храна, ахкохол, цигари. За подобрување на здравствената состојба и побрзо лекување, потребно е редовно хранење со младо сирење, кое најдобро се јаде за доручек на празен стомак.

Сурутката исто така се препорачува за слабеење, бидејќи протеините го поттикнуваат слабеењето и влијаат на зголемувањето на мускулната маса. Исто така сурутката дава чувство на ситост бидејќи влијае врз зголемувањето на нивото на хормонот кој го намалува апетитот.

Сурутката е нус-прозивод од обработката на сирењето. Тоа е течност која останува по коагулација на млекото. Таа има висока количина на вода, а малку калории и маснотии. Литро сурутка во себе има околу 360 калории, што е половина од калориите во еден литар млеко.