Проголтал мобилен телефон и живеел со него во стомакот 16 месеци, лекарите шокирани

С.Ќ. (35) уште во октомври 2014 година, во нервно растројство проголтал телефон марка “нокиа N86″ и лекарите од блградскиот Ургентен центар пред две недели, на рутински преглед го забележале туѓото тело во неговиот организам.

По операцијата која траела неколку часа, телефонот е извлечен од неговиот стомак и тој моментално се опоравува на хирургија во Ургентниот центар.
Лекарите кои го прегледале пациентот билие шокирани кога при гастроскопија го забележале предметот долг 10 сантиметри и тежок 134 грама во неговиот стомак.
-Пациентот поради стомачни тегоби е примен во амбуланта и по вообичаените прегледи, испратен е на гастроскопија, за преглед на желудникот. И тогаш на екранот имавме што да видиме. Ни помалку ни повеќе туку црн мобилен телефон, заглавен во желудникот. Сите овие години колку што работам овде, немам видено ништо слично, вели лекарот и додава дека пациентот веднаш е испратен на операција која траела со часови.
Foto: Allegheny General Hospital-По операцијата, телефонот е изваден од желудникот. Пациентот се оправува, не е животно загрозен и станува збор за психијатриски случај кој телефонот го проголтал во нервно растројство, велат од КЦ.Психотерапевтот д-р Зоран Миливојевиќ вели дека психички болните се во состојба да направат чудно работи кога ќе дојде до поматување на свеста.
-Така голтањето мобилен телефон не е ништо ново. Потребно е само да бидат во состојба на психоза, растројство или напад на шизофренија. Болните кои боледуваат од таков вид болести ги следат само своите внатрешни гласови и за да проголтаат мобилен, мора да бидат многу мотивирани. Во состојба се да се обидат повеќе пати додека не успеат. Предметите обично ги подмачкуваат со маст или масло и со помош на некој стап го туркаат до хранопроводникот кој е многу еластичен па затоа такви работи може лесно да стигнат до желеудникот, вели д-р Миливојевиќ.Foto: Abbott Northwestern Hospital
Тој вели дека пациентот живеел со мобилниот телефон во желудникот, зошто тој поради големината не можел да тргне кон цревата. Досега во Ургентниот центар од утроба на пациенти ваделе разни предмети, како жилети, славини, моливи, лажици и слично.