ВИДЕО: Русите го одмаздија својот загинат пилот

Сириски војници од одредот “Соколи на пустината” ги потиснаa терористите-Туркменистанци од стратешката позиција во северниот дел на земјата. Сириските војници се бореа со маици со ликот на рускиот пилот Олег Пешков, кој загина по соборувањето на рускиот воен авион Су-24 од страна на Турција над небото над Сирија на 24 ноември. Пилотот успеа да се катапултира, но беше застрелан додека се спушташе со падобранот кон земјата. Кон него пукаа терористите, односно групата Туркемнистанци.

Борбите за населениот премин Ар-Рабин и неколку околни села завршија пред неколку часа. Таму беа распореди единиците на Туркменистанците, кои беа под команда на Султан Салим – а тоа беа истите радикални исламисти кои го застрелаа Олег Пешков.

“На моите гради е фотографија со ликот на рускиот пилот, кој загина за нашата земја! Тој е вистински херој! Се сеќаваме што направија со него, како го застрелаа. Тоа не може да се заборави, уште помалку – да се прости” , вели борец на сириската војска.

Акцијата против утврдените позиции на Туркменистанците завршија со успех и благодарение на поддршката од воздухот на руските воздушни сили. Авионите погодија магацин со муниција. Погодени беа и клучните утврдувања, по што терористите се повлекоа кон турската граница, а се наоѓа само на 10-12 километри.
Сега т.н. “северна врата на Сирија”, преку која до неодамна терористите преминуваа слободно и пренесуваа борбена техника и жива сила, речиси целосно е под контрола на владините сили. Сириската армија ја продолжува својата офанзива.