Сигурно не сте знаеле: Постои и „Фејсбук 2“

Објавено: четврток, 28 јануари 2016 во 19:17
Spread the love
Најверојатно тешко можете да се сетите на некој од вашето опкружување кој нема профил на Фејсбук, но дали знаете дека оваа компанија има и втора многу попрактична страна преку која можете многу полесно да комуницирате со пријателите.

Ако ве нервираат големиот број на објави, известувања и покани за разни игри на Фејсбук, туку само сакате да комуницирате со пријателите, страницата „Фејсбук 2“ е токму како создадена за вас.

Отворете го вашиот пребарувач и впишете Messenger.com. Логирајте се со вашето корисничко име и лозинка за Фејсбук и ќе бидете „поздравени“ од чист интерфејс кој ќе ви овозможи да се допишувате со пријателите и ништо повеќе.

Оваа страница е многу слична на мобилната апликација Messenger, но работи во рамките на еден интернет пребарувач.

Facebook Messebger.com започна со работа во април 2015 година, но нејзиното постоење корисниците не го забележале. Таа секој месец има по околу 70 милиони посети, што е многу помалку во споердба со основната страна на Фејсбук.