Предупредување од признати научници: Крајот на светот е блиску

Во академското списание “Bulletin of Atomic Scientists”, кое го креирало “Часовникот на судниот ден”, или “Doomsday Clock”, научниците тврдат дека останале само “три минути до полноќ”. Кога тоа време било одредено на минатогодишниот состанок, човештвото повеќе од било кога се доближило до уништување. Најголема закана се нуклеарното оружје и климатските промени.

naucnici-predupreduvanje-tri-do-dvanaeset-01

Група ценети научници, формирана на почетокот на Втората светска војна, предупредува дека никој не треба да се тешки со фактот дека човештвото не се приближило на уште еден чекор од судниот ден, пренесува Independent.

“Три минути до полноќ се доволно блиску. Премногу блиску. Ние, членовите на Научниот и безбедносен одбор во списанието “Bulletin of Atomic Scientists”, сакаме да разјасниме зошто не го променивме часовникот во 2016. година: тоа не значи дека имаме добри вести, бидејќи светските лидери сè уште не го насочиле своето внимание на намалување на екстремните опасности кои со себе ги носат нуклеарното оружје и климатските промени. Кога овие опасности ќе ги наречеме егзистенцијални, не претеруваме: тие се закана за постоењето на цивилизацијата и затоа треба да бидат меѓу најважните прашања за лидерите на кои се грижат за своите гласачи и земји”, пишува во соопштението.

Во Македонија се чувсвутвува како дома. При секое доаѓање не пропушта да посети некои од винариите и да дегустира…

Тие го истакнале и успехот во договорот со Иран по прашањето за нуклеарното оружје и успехот во Париз, каде главно прашање биле климатските промени. Но, новите закани од Северна Кореа се кренале над тој успех.

“Иако Иранскиот договор е направен, тензиите меѓу САД и Русија достигнале ниво кое потсетува на најлошиот период од Студената војна. Конфликтите во Украина и Сирија продолжија, а НАТО и Русија играат голема улога во сето тоа. Вашингтон и Москва сè уште се држат до договорот за нуклеарно оружје, но САД, Русија и другите земји кои поседуваат нуклеарно вооружување работат на програми за модернизирање на нуклеарниот арсенал, со што праќаат порака дека сакаат да ја одржат подготвеноста на своето оружје, без разлика на потпишаните договори”, објаснуваат експертите.

Разговорот за климатските промени во Париз разбудил надеж, но малку работи биле направени за да се намалат ефектите од климатските промени, пишува во соопштението.