Еве како да се вработите во Австралија

Многумина сонуваат за работа во далечната Австралија, но немаат идеја откаде да тргнат за да ја пронајдат. Нивниите најголеми портали за работа се добра почетна станица. Еден од најголемите портали за барање на работа во Австралија е seek.com.au, така да нема да биде лошо за почеток да побарате таму, пишува хрватски Пословни дневник.

Описот на работа и потребни квалификации се детално опишани, но за компанијата евентуално ќе пишува „Мултинационална компанија со седиште во Сиднеј“ или нешто слично.

Во зависност од работата која ја барате, може да проверите и понуди и огласи на  gumtree.com.au. На пример, сезонски работи во угостителство веројатно лесно ќе најдете баш на таа адреса. Популарен е и indeed.com.au па добро е да погледнете и на тој сајт.

Ако ги пронајдовте огласите кои ве интересираат, преминувате на следниот чекор. Биографија и молба. Генерално правило е дека морате некако да се истакнете во масата, но, како што велат оние кои работат во Австралија, таму е малку тешко, ако се земе предвид работното искуство и квалификации.

Праќање на универзална биографија и популарно писмо нема да ве доведе никаде (затоа размислете како да привлечете внимание).

Откако успеавте да бидете забележани, ќе добиете повратен позитивен одговор како и повик за интервју.

А што може да очекувате при телефонско интервју?

Во текот на телефонско интервју кратко ќе поминете преку CV, со коментирање на претходното работно искуство. Тогаш ќе го поврзете претходното искуство за позицијата за која конкуриравте.

Прашањата може да бидат доста различни во зависност од позициите и претпријатијата/агенциите во кои се пријавивте така што и не можете баш однапред да се подготвите.

Секако би требало да имате некаква генерална идеја што би одговориле на прашањата: како ќе придонесете за компанијата ако ве вработат, како функционирате под притисок, какви сте во тимска работа, а какви во самостојна работа и слично.