ВИДЕО: Со овој маж Људмила го замени Путин

Објавено: среда, 27 јануари 2016 во 10:34
Spread the love

Поранешната сопруга на рускиот претседател Владимир Путин се премажи по разводот од 2013 година. Нејзиниот нов избраник е 37 годишниот Артур Очеретни, кој наводно е на чело на една од компаниите кои ги раководи Људмила.

Људмила беше во брак со првиот човек на Русија и помина повеќе од 30 години со него и имаат две ќерки.

Информацијата за нејзиниот нов брак ја објави рускиот портал “Sobesednik”, кој дошол до копиите од имовинската карта на Људмила на која го носи презимето на својот нов сопруг.

Artur Očeretni

Артур Очеретни и Људмила се венчале уште на почетокот од минатата година, но јавноста за тоа дознала дури овие денови. Артур е на чело на Центарот за развој на интерперсоналната комуникација, еден од проектите на неговата нова сопруга која долго работи на промоција на рускиот јазик и култура.

Потврдата за новиот брак на поранешната прва дама на Русија ја изнесе големиот критичар на Владимир Путин, опозиционерот Алексеј Навални, кој навел дека Људмила го променила презимето од Путин во Очеретни.