Стипендии за ученичките кои ќе ја задржат невиноста

Објавено: вторник, 26 јануари 2016 во 09:12
Spread the love

Градоначалничката на еден град во Јужноафриканската Република, додели стипенди за колеџ на 16 девојчиња, а услов за стипендијата беше тие да останат невини во текот на школувањето.

Оваа мерка се презема со цел да се натераат ученичките да се посветат на образованието.

Стипендиите се воведени годинава и доделени се на девојчиња од областа Утукела во источната провинција Квазулу Натал во Јужна Африка, пренесува AP, повикувајќи се на портпаролот на градоначалничката Џабулани Миконза.

Секоја година кабинетот на градоначалникот во таа област доделува повеќе од 100 стипендии на ученици во средните училишта и на студенти.

Девојките кои се пријавиле за стипендија врз основа на невиност, се согласиле да им се вршат редовни прегледи за да се докаже дека си стојат на зборот, објасни градоначалничката Дуду Мазибуко за локалните медиуми.

Јужноафриканските власти во текот на 2014 година, забележаа околу 20.000 бремености на ученички, од кои дури 223 биле на девојчиња од основно училиште.