Европол: ИСИС планира напади од „големи размери“ во Европа!

Терористичката организација „Исламска држава“ планира големи терористички напади во Европа, смета полициската служба на ЕУ (Европол).

„Европа денес се соочува со најсериозната терористичка закана за последните 10 години“, се вели во соопштението објавено од Европол на сајтот на организацијата.

Според службата париските терористички акти на 13 ноември 2015 година сведочат за поместување во активностите на „ИД“ што се стекнуваат со меѓународни димензии и се насочени кон спроведување на напади во стилот на специјалните сили во меѓународната сфера.