ВИДЕО: Куче спасило бебе што престанало да диши, на неверојатен начин

Објавено: недела, 24 јануари 2016 во 12:33
Spread the love

Пред 6 години семејството Бросоу од еден стационар за кучиња го вдомиле Дук. Многу се радувале на новиот член на семејството. Не ни се сомневале дека Дук ќе им возврати за сета подарена љубов и внимание.

Во една прилика Дук почнал многу чудно да се однесува. Во текот на ноќта скокнал на креветот на своите сопственици и лаел многу силно со што ги разбудил.

– Дук е инаку многу мирен. Ни беше многу чудно неговото однесување- опишувала Џена Бросоу таа ноќ. Веднаш знаеле дека нешто не е во ред. Го следеле Дук до собата на нивната ќерка стара 9 недели.

Printskrin: Youtube/ABC News

Она што го виделе таму било шокантно. Нивната ќерка Харпер лежела на креветот која престанала да дише во текот на спиењето.

Загрижените родители веднаш повикале брза помош, која брзо пристигнале и успеале да го вратат во живот бебето и веднаш ја однеле во болница. Харпер преживеала.

Printskrin: Youtube/ABC News

– Да не реагираше Дук веднаш и да не беше уплашен, ние ќе продолжевме да спиеме. Тој е совршено куче. Пратен е од Бог- рече Џена.