Патријархот Павле предвидел: Во Европа на удар ќе бидат Христијаните, а населувањето на муслиманите е почеток на „таа верска војна“

Покојниот српски Патријарх Павле предвидел целосна поделба на Балканот, која ќе ја извршат Русија и Србија. Потоа дека Христијаните во Европа ќе бидат на удар, дека Косово еден ден ќе биде вратено на Србија, а Српската православна црква ќе доживее целосна ерозија на моралот во државата.

ppavle-pravoslavlje

Овие предвидувања, како што пренeсуваат дел од српските медиуми биле дел од тајните записи на поранешниот Српскиот патријарх, кои се чувале под силно обезбедување и во нив увиид имале само неколкумина, кои како „чувари“, пред смртта, ги одредеил лично Павле. Приказната за тајните записи на Патријархот Павле ја раскажал монахот Јован Синѓелиќ од Косово, кој е еден од оние кои во потполна тајност ги чувал записите. Тврди дека поради безбедносни причини истите записи секој месец се пренесувале на различни локации.

Во моментов тие се наоѓале во Патријаршијата во Белград, каде увид имаат само неколкумина. Монахот од Косово, тврди дека во овие записи, Патријархот Павле предвидел „распад на светот“ каков што сега го познава јавноста. Во тие записи, наводно стоелп дека Русија и Србија ќе направат целосна и конечна поделба на Балканот, по конечниот судир во кој Србија ќе заврши на страната на победниците. Според изјавите на монахот Јован, Павле предвидел и дека Косово еден ден ќе и биде вратено на Србија, едноставно затоа што „Албанците едноставно нема да го сакаат повеќе“. Тој процес вели монахот веќе е почнат со масовното ислеување на Албанците од Косово.

Друг интересен детал, за кој овој монах тврди дека е дел од овие записи на Павле е актуелната состојба во Европа. Павле предвидел дека „во Европа на удар ќе бидат Христијаните, вклучувајќи ги и Католиците“ и дека населувањето на муслиманите е почеток на „таа верска војна“ .

Поранешниот Патријарх на СПЦ предвидел и целосна ерозија на нејзиниот морал.
– „СПЦ ќе биде во голема криза, бидејќи ќе га загуби почитта и влијанието кај народот, што пак ќе доведе до тотално ширење на атеизмот и модерниот стил на живот“, напишал екс поглаварот на СПЦ, Павле во своите тајни записи.

извор:Религија.мк