Ѓоковиќ победи и покрај 100 неизнудени грешки!

Првиот носител на Грен слемот „Австралија Опен“ Новак Ѓоковиќ утринава во меч што траеше повеќе од четири часа го победи Жил Симон со 3:2 во сетови и се пласира во четвртфиналето.

Ѓоковиќ направи дури 100 неизнудени грешки за на крајот по 4 часа и 32 минути игра да победи со 6:3/6:7(1)/6:4/4:6/6:3.

Противник на српскиот тенисер во следната рунда ќе му биде Кеи Нишикори од Јапонија, кој со 3-0 го победи Жо Вилфред Цонга.

Учество во следната фаза на турнирот во Мелбурн избори и Томаш Бердих исто така во пет сета против Баутиста Агут.

Од 11:30 часот е мечот Федерер – Гофина.
Кај жените досега завршија три осминафинални меча. Марија Шарапова ја победи Белинда Бенчиќ со 7:5 во двата сета, Серена Вилијамс беше подобра од Маргартиа Гаспаријан со 6:2 и 6:1, а Агњешка Радванска беше поуспешна од Германката Фридсман со 2-1. Во тек е мечот Гаврилова – Суарез Наваро.

Во четвртфиналето ќе играат Вилијамс – Шарапова.